БУГАРСКА ДЕМОГРАФИЈА: Каде што има високи плати има и пораст на населението
Населението кај источниот сосед расте во местата со повисоки плати.
Просечната плата во Софија е 1296 лева, а во 9 региони во земјата средните плати не можат да поминат 700 лева. Демографската слика во Бугарија е под силно влијание од висината на платите во различни региони. Ова го покажуваат податоците од националната статистика, кои пријавиле двојно повисоки плати во Софија.
Само 638 лева се заработуваат во Видин или 652 лева во Благоевград. Во Софија лани населението се зголемило за над 5400 лица, така што повеќе луѓе дошле во градот отколку што го напуштиле.
Во градовите со пониски плати како Благоевград, Смолјан, Јамбол и Видин, населението се намалува.
Ако Бугарија ги задржи сегашните стапки на економски раст, во 2030 година разликата помеѓу приходите во земјата и богатите европски држави ќе биде доволно голема за да продолжи миграцијата.
