Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИТЕ ВО СТРАВ: Германците сега увезуваат и војска а нудат екстра плати

БУГАРИТЕ ВО СТРАВ: Германците сега увезуваат и војска а нудат екстра плати

Германските вооружени сили планираат поради недостатокот на кадри да воведуваат странци кои би носеле германска униформа.

Бундесвер бара регрути во земјите на ЕУ, нудејќи им почетна плата од 2 000 евра бруто.

Можноста за вработување во германската „легија на странци“ ја имаа кандидати од земјите на ЕУ, а се претпоставува дека добрата плата и можност за напредување ќе бидат добра замка за младите од источна Европа, а посебно за оние од Балканот.

Досега важеше правилото дека припадници на германските вооружени сили може да бидат само германски државјани. Почетната плата во Бундесверот изнесува околу 2000 евра бруто, а офицерската , во рангот на потполковници околу 5000 евра, без бонус, пишува Novac.hr. 

-Вработување на специјалисти од други земји на ЕУ е една од опциите кои ги разгледуваме-рекол генералот Еберхард Зорн, офицер одговорен за кадровски прашања.

Германското министерство за одбрана веќе повика некои европски партнери, пред се на истокот, но реакцијата досега е „воздржана“. Бугарија изрази загриженост поради можно масовно заминување на своите вооружени сили во Германија.


Foto: Thinkstock


Слично

Поврзани вести