Бугарите се најсиромашни во Европската Унија
Бугарите се најсиромашни во Европската Унија(ЕУ). Најлош животен стандард во ЕУ има во Бугарија, чии граѓани се со најниска куповна моќ, по неа е Хрватска, а највисок стандард има Луксембург.
Бугарија е со стандард кој е 39 отсто под просекот за ЕУ-27 нивото во 2020, следи Хрватска каде стандардот во 2020 бил за една третина (32 отсто) понизок од просекот во Европската Унија, објави Евростат. Лани највисокиот стандард, изразен во фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, е забележан во Луксембург, 45 отсто повисок од просекот на ЕУ. По оваа земја, следат Германија, Данска, Холандија, Австрија. Сликата е горе долу иста со години наназад. Бугарија, Романија, Хрватска се на дното на скоро сите рангирања.
