Бугарите поднесуваат петиција до Конгресот против „Месецот на македонското малцинство“ во САД
Бугарите кои живеат во САД собираат потписи вза петицијата до Конгресот против „Месецот на македонското малцинство“ во САД, јави БНТ.
Потписите ги собира патриотската организација Пирин по повод предлог-резолуцијата на повеќе конгресмени, чија цел е да се одбележи придонесот на Македонците во американската историја, да се слават „нивниот јазик и култура“.
Меѓу покровители на нацрт-резолуцијата е и конгресменот Клаудија Тени, која го покрена прашањето за можни санкции против Бугарија поради одбивањето да го поддржи почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Месната патриотска организација Пирин наведува дека голем дел од лицата во предлог-резолуцијата се наведени како Македонци, а тие се Бугари.
Најстарите организации на Бугарите кои емигрирале во САД тврдат дека предлог-резолуцијата содржи директни фалсификати, како на пример дека Бугарите од Македонија кои емигрирале во Америка по Илинденското востание и Балканската војна се претставени како Македонци.
