Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите од април електронски ќе плаќаат сообраќајни казни

Бугарите од април електронски ќе плаќаат сообраќајни казни
Казните за сообраќајни прекршоци во Бугарија од април ќе се плаќаат преку интернет. Во моментов повеќето возачи или доцнат со плаќањето или воопшто не плаќаат. Наместо на шалтер, наплатата ќе се врши електронски, а крајна цел е да се заштеди времето и нервите на возачите, но и да се зголеми наплатата. „50% од казните не се собираат, односно 50% од сторителите остануваат неказнети. Ова е многу сериозна причина несреќите да не се намалуваат, а да се зголемуваат. Неплаќањето на казните создава чувство на неказнивост "- објасни Владимир Тодоров од Здружението на настраданите од несреќи. Наскоро ако прекршителот не биде пронајден на адресата, глобата ќе му се објавува на интернет, по што ќе следи присилна наплата.
Слично

Поврзани вести