Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите најслабо платени во ЕУ, колку чини еден час работа?

Бугарите најслабо платени во ЕУ, колку чини еден час работа?

Бугарија ја зазема последната позиција по плати во приватниот сектор во ЕУ.

Бугарите добиваат едвај 4 евра за еден час работа. Во Дизелдорф денеска германскиот институт за макроекономија ги претстави резултатите од своја студија за платите во приватниот сектор во последната година.

Прва е Данска каде во приватниот сектор работодавачот плаќа во просек 43 евра за еден час. Во оваа сума е вклучено и осигурување за работникот.

Зад Данска се Белгија, Шведска и Луксембург. Германија, како и минатата година, го зазема осмото место со околу 33 евра на час. Речиси иста е цената на трудот и во приватниот сектор во соседна Австрија. Просекот за час работа за целата Европска унија е 29 евра и 50 центи.

Интересно оваа година е дека приватните фирми во Словенија, која пристапи во ЕУ во 2004 година, веќе плаќаат повеќе отколку компаниите во Грција и Португалија, кои членуваат во заедницата над три децении. Во Словенија цената на еден работен час е во просек 15 евра и 80 центи.

Бугарија, заедно со Романија се на дното. Романија е на претпоследното место со 5 евра за работен час.

Слично

Поврзани вести