Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите најмногу инвестираат во автомобили и мебел

Бугарите најмногу инвестираат во автомобили и мебел
Бугарите најмногу вложуваат во автомобили и мебел, а за опремување на домот земаат кредит. Статистиката на Рајфајзен банката покажува дека Бугарите сакаат да потрошат за стоки со долготрајна употреба, а помалку од нив би инвестирале во образование,  патување околу светот или сопствен бизнис. Опремувањето на живеалиште е нешто за што во Бугарија најчесто се зема потрошувачки кредит. Во 2015 година 56% од клиентите, земале потрошувачки кредит од банката за мебел и поправка во домот. Вообичаено тоа се мажи - 61%, а нивната просечна возраст е 39 години. Купувањето на автомобил е на второ место меѓу приоритетите при земање заем. За сума од 40 000 лева Бугарите можат да бираат автомобил. Статистички 33% од кредитите за купување на возило се земени од жени  на возраст меѓу 30 и 40 години, а со 45% учествуваат млади мажи до 30 години. Само 6% земале кредит за усовршување на некое хоби кое може да прерасне во работа.
Слично

Поврзани вести