Бугарите мотика не сакаат, на полето вработуваат Албанци
Бугарите како овчари и трактористи не сакаат да работат за 800 лева.
Криза за работници на нивите има во Пиринскиот крај. На почетокот на сезоната многу земјоделци се прашуваат каде да најдат работна сила, за да успеат да обработат земја и да го приберат производството.
„Ситуацијата е тешка. Прашуваме од каде да најдеме кравари, овчари, трактористи. Давам плата од 700-800 лева плус храна и сместување, но нема заинтересирани. Бев принуден да земам од грчките колеги телефонски броеви на Албанци. Ќе ангажирам двајца работници од Албанија“ - вели земјоделец од Хаџидимово, Иван Сабахлаков.
За 2-3 години нема да има доволно луѓе кои ќе обработуваат земјиште и ќе се грижат за животните. Оние кои се работливи, сакаат да одат во странство за повисоки плати, велат бугарските земјоделци. Тука остануваат Ромите и мрзливите кои сакаат многу пари, но за малку завршена работа, додаваат тие.
