Бугарите ќе земаат 460 лева минимална плата догодина
Владата предвидува зголемување на минималната плата на 460 лева од 1 јануари 2017 година.
Сепак, минималната плата ќе остане во истиот износ до 2019-та година, бидејќи друга промена не се предвидува. Тоа е согласно буџетската прогноза за периодот 2017-2019 година, која беше одобрена денеска од Министерскиот совет.
Во делот за даночната политика се предвидува зголемување на буџетските приходи и намалување на уделот на сивата економија.
И во наредниот тригодишен период приоритет за Бугарија останува користење на средствата од европските фондови и програми на ЕУ, се наведува во документот. Меѓу приоритетите е да се зачува стабилноста на јавните финансии, како и одржување на дефицитот за 2017 година и 2018 година, соодветно на 1,4% и 1% од БДП.
