Бугарите ќе се возат без вињетки по третокласни патишта
Над 3000 километри третокласни патишта кај источниот сосед ќе бидат бесплатни за движење од следната година.
Министерството за регионален развој и јавни работи одлучи да го намали бројот на патишта за кои ќе се бараат вињетки.
„Станува збор за над 3000 километри третокласни патишта во Бугарија, за кои досега се бараше патна такса“ - соопшти министерот Лилјана Попова.
Од следната година постепено вињетките ќе станат целосно електронски. Уште лани стана јасно дека Светската банка ќе и помогне на Агенцијата „Патна инфраструктура" во развојот на сеопфатен концепт за воведување на електронски систем за наплата на патарина. Тогаш Павлова истакна дека е фер да плаќаат повеќе оние кои се движат почесто по патиштата во земјата. Со новиот систем таксата за километар ќе биде не повеќе од 10 центи.
