Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите гневни, протестите ескалираат!

Бугарите гневни, протестите ескалираат!

Уште три лица се самозапалиле денеска во Софија, од кои две починале, за време на протестот на рударите, железничарите и вработените во електраните  кои му се придружија на бранот масовни протести во Бугарија. Демонстрантите излегле на улица незадоволни од најавеното намалување на работните места, високите цени на електрична енергија и нискиот животен стандард пред одржувањето на вонредните парламентарни избори во мај, јавуваат бугарските медиуми.

Протестот е организиран од двата најголеми синдиката КНСБ и „Поткрепа“.Голем број Бугари се незадоволни од политичката елита во земјата, која ја сметаат за корумпирана, оценувајќи дека многу малку направила за подобрување на животниот стандард на граѓаните, кој е помал од половина од просекот во ЕУ.

Изминатиов месец Бугарија ја тресат силни протести во кои беа повредени беа десетици лица, бугарскиот премиер Бојко Борисов беше принуден  да поднесе оставка, а вонредните избори се закажани за 12 мај.

Слично

Поврзани вести