Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите гласаат, Македонија го чека исходот

Бугарите гласаат, Македонија го чека исходот

Бугарите денеска гласаат на избори, а Македонија го чека исходот од кој ќе зависи и европскиот пат на земјава. Се очекува дека формирањето Влада во Бугарија ќе биде неизвесно. 

Бугарија гласа за избор на 45-тиот состав на Народното собрание. 6.895 кандидати од 30 партии и коалиции влегуваат во трка за 240 места во бугарскиот Парламент. Има повеќе од 6.7 милиони гласачи. Покрај 11.900 гласачки места во Бугарија, можност за гласање имаат и граѓаните кои се надвор од државата. Во светот има вкупно 465 гласачки места, а во Македонија се 5.

Предизборните анкети велат дека ГЕРБ ќе освои 28,4% гласови, додека на второто место се опозициските социјалисти (БСП) на Корнелија Нинова со 22,9%. Се предвидува и дека некои мали партии за првпат ќе влезат во парламентот. Меѓу нив е и партијата Има таков народ, што лани ја основа популарниот пејач, актер и шоумен Станислав Трифонов-Слави, за која се вели дека може да има важна улога на изборите.

Слично

Поврзани вести