Бугарите бираат нов претседател на државата а гласаат и на референдум
Повеќе од 6,8 милиони избирачи ќе избираат помеѓу 21 кандидат, а граѓаните истовремено излегуваат и на референдум за измени во изборниот систем и за финансирање на политичките партии од страна на државата.
За нов петгодишен мандат на претседател се натпреваруваат 21 кандидат пред 11 партии, пет коалиции и 14 иницијативи.
Конечните резултати ќе бидат објавени во вторник.
Предизборната кампања воглавно била фокусирана на иднината на Европската унија, односите со Русија и заканите од потенцијално зголемување на мигранти од соседна Турција.
Гласањето на претседателски избори, за прв пат е задолжително.
Главен кандидат е актуелната претседателка на парламентот Цецка Цачева (58) од владеачката партија Герб на премиерот Бојко Борисов. Таа во случај да биде изберена, ќе биде прва жена на чело на Бугарија.
Нејзин главен против кандидат е поранешен генерал Румен Радев (53) кој го поддржуваат социјалистите/. Според анкетите на јавното мислење, третото место би можело да го заземе Красимир Каракачанов кој го поддржуваат три главни националистички партии.
Политичките аналитичари очекуваат дека ниту еден кандидат нема да освои 50 отсто од гласовите потребни за победа во прв круг, така што е на повидок втор круг на 13 ноември.
