Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугаринот Динко купи хеликоптер за да „лови“ мигранти

Бугаринот Динко купи хеликоптер за да „лови“ мигранти

„Ловецот“ на мигранти од Бугарија, Динко Валев(29) купи хеликоптер со наоружување за да лови „џихадисти“. 

Претходно за тоа бугарската влада му даде согласност. 

За него пишува и британски Дејли мејл, кој раскажува дека Динко со ловот на мигранти лани стана познат. 

За неговата глава „Исламска држава“ дава награда,  и тоа 50.000 долари.  Динко стана познат по тоа што објавуваше видео снимки како лови мигранти кои во земјата влегуваат од Турција. 

Динко е поранешен полупрофесионален борач, кој лани заедно со уште неколку колеги ловеше мигранти. 

Тој вели дека ова за него е спортска активност, а спортот не може да биде насилство. 

Неговиот хеликоптер има митралез и ракети. 

Инаку овој Бугарин живее во Јамбол близу до границата со Турција и смета дека секој мигрант е потенцијален џихадист. 

Слично

Поврзани вести