Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарин со комбе разнесе куќи и повреди неколку полицајци

Бугарин со комбе разнесе куќи и повреди неколку полицајци

На границата меѓу Хрватска и Унгарија, Бугарин по полноќ со комбе разнесе куќи, при што се повредени неколку полицајци. Полицијата објави фотографии  на кои се гледа дека од куќите не остана ништо. 

Тој удрил во куќите на граничната контрола кај Горичан II. Неколку лица се повредени, меѓу кои и хрватски и унгарски полицајци. Двајца хрватски полицајци се пренесени во Жупаниската болница Чаковец, каде им се констатирани полесни повреди. Се работи за граничниот премин кој се наоѓа на територијата на Унгарија, каде граничната контрола во куќите ја вршат заеднички унгарски и хрватски полицајци. 

Слично

Поврзани вести