Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарин поли полицаец со бензин со намера да го запали

Бугарин поли полицаец со бензин со намера да го запали

Бугарин вчера поли полицаец со бензин со намера да го запали во софиското село Вакарел.

Додека полицаецот ги извршувал своите должности  во селото за обезбедување на јавен ред и мир, 45-годишен маж го нападнал, го полил со бензин и се обидел да го запали со запалка. Сепак полицаецот успеал да му ја земе запалката на насилникот. Очевидци на настанот биле  бројни жители на селото. Мажот е уапсен и против него ќе биде покренато обвинение за обид за убиство на полицаец.  Него му се заканува казна затвор од 20 до 30 години или доживотно.

Слично

Поврзани вести