Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија започна истрага за руските обвинувања за вмешаност во експлозијата на мостот на Крим

Бугарија започна истрага за руските обвинувања за вмешаност во експлозијата на мостот на Крим

Бугарија покрена истрага за тврдењата на Русија дека камионот што пред неколку дена експлодираше на мостот на Крим доаѓа од таа земја.

Истрагата, предводена од бугарската контраразузнавачка агенција САНС, а по наредба на премиерот Галаб Донев, започна веднаш откако Кремљ ја објави информацијата.

Специјалната служба за тоа го известила и бугарското обвинителство, пренесува Euractiv.com.

– Државната агенција за национална безбедност (САНС) и Министерството за внатрешни работи ги проверуваат информациите – изјави владиниот портпарол Антон Кутев.

Шефот на рускиот Истражен комитет Александар Бастрикин на состанокот со претседателот Владимир Путин во неделата изјави дека камионот што експлодира на мостот на Крим тргнал од Бугарија, а потоа следел рута низ Грузија, Ерменија, Северна Осетија и регионот Краснодар.

Портпаролот на Европската комисија Петар Стано ги отфрли наводите на Бастрикин како неточни.

- Не можеме ни да знаеме што се случило во саботата на мостот, ниту што довело до експлозијата - изјави Стано, изразувајќи сомнеж во веродостојноста на руските истраги, пренесоа бугарските медиуми.

Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој победи на неодамнешните избори и се обидува да формира влада, коментира дека наводите за „бугарска трага“ не се на место, велејќи дека не постои можност експлозивот да бил натоварен во камионот во Бугарија бидејќи би било невозможно да се помине границата.

- Да бев на местото на руските служби, повеќе ќе ме интересираше каде бил натоварен камионот со експлозив и која била причината за експлозијата. Тоа е важно – рече Борисов.

Бугарската влада соопшти дека нема да дозволи името на државата на кој било начин да се поврзува со „терористички активности“.


Слично

Поврзани вести