Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА ЗАГРИЖЕНА ЗА ДЕМОГРАФИЈАТА: Во 2100 година ќе имаaт население колку и Македонија

БУГАРИЈА ЗАГРИЖЕНА ЗА ДЕМОГРАФИЈАТА:  Во 2100 година ќе имаaт население колку и Македонија

Бугарија е загрижена за лошата демографска слика. 

Како што објави Одделот за население на ОН, најоптимистичката прогноза е дека во 2100 година светот ќе брои скоро 12,3 милијарди луѓе.

Тогаш се очекува населението на Бугарија да биде само 2 милиони. Ќе има и премногу млади луѓе од Азија и Африка кои бараат живот во Европа и ќе ја загрозат регионална безбедност на Бугарија, пишува бугарски Блиц во текстот под наслов „Во 2100 година: Светот ќе има население од 12 милијарди луѓе, Бугарија – колку и Северна Македонија“

Во 1997 година мајка во Бугарија раѓала во просек 1,12 деца. Сега овој индикатор е 1,8. Ако достигнат 2,1 дете ќе има едноставна репродукција на населението. Сепак, пред Бугарија претстојат и други предизвици – таа е во најстариот миграциски систем – евромедитеранскиот, а ќе има бранови мигранти од Субсахарска Африка.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести