Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА УПАТИ БАРАЊЕ ДО ГРЦИЈА: На камионџиите да не им се прават брзи тестови

БУГАРИЈА УПАТИ БАРАЊЕ ДО ГРЦИЈА: На камионџиите да не им се прават брзи тестови

Бугарија побара од Грција да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница. 

„По упатство на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, амбасадорот на земјата во Грција Валентин Порјазов побара итно објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи, како и од Министерството за цивилна заштита и националната гранична полиција во врска со воведените брзи тестови за возачите на камиони на граничните пунктови со Бугарија“, објави прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот амбасадор во Атина побара грчките институции веднаш да престанат со оваа практика, бидејќи е во спротивност со регулативите на ЕУ. Грција ја прифати валидноста на бугарските аргументи и се обврза да го надмине проблемот. Поради заострување на мерките за влез во Грција со ПЦР-тестови за возачи на меѓународни камиони од 22 до 7 часот наутро, доаѓа до загуби и казни и значително се забавува распоредот на бугарскиот транспортен бизнис. Деновиве се воведени нови мерки за влез во Грција. 

Слично

Поврзани вести