Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија: Тони застарени монети одат на аукција!

Бугарија: Тони застарени монети одат на аукција!
Со аукција, Бугарската централна банка (БНБ) има намера да се ослободи од повеќе од 64 тони монети од бакар, цинк и никел. Се работи за застарени монети кои веќе не се употребуваат, а купувачот ќе има обврска да ги претопи во рок од една година, а потоа металот може да го продаде. Тендерот е отворен до деветти јули. Потенцијалниот купувач мора да остварил 242.000 евра промет во трговија со секундарни суровини, не треба да има заостанати обврски за данок, а сопствениците не треба да бидат осудувани. Фирмата, исто така, треба да понуди и  гаранции за учество на тендерот е 2.242 евра. Лани БНБ продала околу 50 тони ковани пари.
Слично

Поврзани вести