Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија: Состојбата во земјата е неподнослива, а економијата катастрофална

Бугарија: Состојбата во земјата е неподнослива, а економијата катастрофална
Околу 72 отсто од Бугарите сметаат дека состојбата во нивната земја е „неподнослива“, што е најголем процент во последните шест години, покажала анкетата на Институтот отворено општество, спроведена во периодот од 5 до 16 јули, на репрезентативен примерок од 1.155 испитаници. „Овој процент е најголем во последните шест години и е поголем за 15 процентни поени во споредба со јули 2012 година“ - се вели во извештајот за анкетата.. Само два отсто од граѓаните сметаат дека состојбата е „нормална“, а 22 отсто ја оцениле како „поднослива“. Во однос на економската состојба, 63 отсто од испитаниците одговориле дека таа се влошила за една година, а 37 отсто стравуваат дека таа уште ќе се влошува. Околу 40 отсто од Бугарите се изјасниле дека имаат поголема доверба во европските институции отколку во националните, објавија сајтовите во регионот.
Слично

Поврзани вести