Бугарија со ограда ќе се брани од мигранти
Бугарија ќе гради жичана ограда долга 100 км долж границата со Грција и со Турција.
Заедно со постоечката структура вкупната должина на оградата ќе биде над 200 км.
Земјата ќе распореди дополнителен број граничари во обид да се спречи прилив на мигранти. Бугарија ги засили пограничните патроли, а на некои точки ги спроведува заедно со грчки граничари.
Бугарската министерка за внатрешни работи, Румијана Бачварова најави дека силите на граничарите ќе добијат 420 модерни џипови, хеликоптери, камери и специјална комуникациска опрема за прием на сигнали на мобилни телефони. Проектот ќе биде финансиран од фондови на ЕУ.
Слично
