Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија се премисли – Ќе обезбеди дозволи за градба на „Јужен тек“

Бугарија се премисли – Ќе обезбеди дозволи за градба на „Јужен тек“
Дали Бугарија изрази согласност за изградба на „Јужен тек“ и се спротистави на политиката на ЕУ или пак само се обидува правно да се заштити и да избегне плаќање на пенали. Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, во Брисел ги известил европските власти дека Бугарија ќе ги извади сите потребни дозволи за градба, а ако подоцна „Газпром“ ја потврди одлуката за стопирање на проектот и ја тужи Бугарија, вината нема да падне на нејзин грб. „ Меѓу Бугарија и Русија има склучен двостран договор кој е ратификуван од бугарскиот парламент, и како резултат на тоа ние имаме одредени обврски. Нашите европски партнери треба да разберат дека ние не можеме да се обратиме во меѓународниот арбитражен суд поради секој нереализиран проект и да губиме пари поради тоа. Позитивен момент во оваа лоша ситуација е тоа што сега на сите им е јасно какви проблеми има Бугарија“, истакнал премиерот Борисов. Русија за сега се уште не го искажала својот став по однос на ваквиот пресврт во одлуката од бугарска страна. Рускиот претседател, Владимир Путин, последно изрази подготвеност за изградба на алтернативна траса на Јужен тек која би поминувала од турско - грчката граница низ Македонија, па се до крајната дестинација Баумгартнер во Австрија.  
Слично

Поврзани вести