Бугарија се откажа од нафтовод, нема испорака на руска нафта до Грција
Бугарскиот парламент ја отфрли спогодбата за изградба на нафтовод, со кој беше предвидено руска нафта да се транспортира до пристаништето Александропулос во Грција, јавија бугарските медиуми.
Со 115 гласови за и 25 против пратениците ја поддржа владината одлука за повлекување од проектот тежок меѓу 1,5 до 2 милијарди долари, наведувајќи ги како причина трошоците и загриженоста на јавноста околу можните последици од овој проект врз животната средина, пренесуваат агенциите.
Според најавите, преку нафтоводот долг 282 километра требаше годишно да се испорачуваат 35 милиони тони руска нафта преку Бугарија до североисточна Грција.
Слично
