Бугарија се откажа од нафтоводот Бургас- Александропулос
Бугарскиот парламент изгласа отфрлање на спогодбата за изградба на нафтовод во износ од милијарда евра, со што ја поддржа владината одлука за повлекување од проектот. Со овој нафтовод беше предвидено предвидено руска нафта да се транспортира од Бургас до пристаништето Александропулос во Грција.
Со 115 гласови за и 25 против бугарскиот парламент ја отфрли оваа спогодба, наведувајќи ги како причина трошоците и загриженоста на јавноста околу можните последици од овој проект врз животната средина, пренесуваат агенциите.
Првично било предвидено преку нафтоводот, со должина од 282 километри, годишно да се испорачуваат 35 милиони тони руска нафта преку Бугарија до Александропулос, во североисточна грција.
Бугарија пред една година на Русија и Грција им предложи да се договорат околу откажување на трилатералниот договор, додавајќи дека еднострано ќе се повлече од спогодбата по истекот на една година
