Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИ: Човек загина, а повеќе села се отсечени

БУГАРИЈА СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИ: Човек загина, а повеќе села се отсечени

Во поплавите во Бугарија едно лице загина, а властите прогласија вонредна состојба во Тетевен, во централниот дел на државата. 

Загинал 36-годишен маж во близина на Тетевен,  кога на него наишло огромно количество вода.

Обилен дожд ги зафати селата Глогово и Градежница, каде што се поплавени повеќе куќи и патишта, а уништени се и неколку мостови. Во селата се активирале и свлечишта. Oколу 300 луѓе се отсечени и нив ги снабдуваат со храна и лекови. 11 области се во портокалова фаза. 


На некои места наврнале до 26 литри воден талог на метар квадратен. 

Слично

Поврзани вести