Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија сака да го забрани носењето бурки

Бугарија сака да го забрани носењето бурки

Во последно време во Бугарија се говори за тоа да се забрани носењето на бурка.

Потпретседателот на бугарската партија ВМРО - Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Искрен Веселинов најави дека партијата во Народното собрание на Бугарија ќе поднесе предлог-закон за забрана за носење на бурки на јавни места, јави БТА.

Според Веселинов , кој е пратеник во бугарското Собрание од редовите на коалицијата Патриотски фронт (ПФ), носењето бурка е „исклучително опасна тенденција“.

„Бурките се предводници на ширењето на радикалниот ислам. Таму каде што има бурки, има и радикални исламисти и терористи“-изјави Веселинов.

Казните како што најави Веселионов, според предлогот, ќе изнесуваат меѓу 50 и 200 лева (25 и 100 евра) за прв прекршок. Тој објасни дека оние кои повикуваат или вршат притисок врз други лица да носат бурка, ќе сносат кривична одговорност. Предлог-законот ќе биде разгледан утре на седницата на пратеничката група на ПФ, а в среда ќе биде доставен до Собранието.

Слично

Поврзани вести