Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија, Романија и Унгарија драстично ги зголемуваат платите за да ги задржат работниците

Бугарија, Романија и Унгарија драстично ги зголемуваат платите за да ги задржат работниците

Новите членки на ЕУ во последните години се соочуваат со голем проблем - недостаток на работници поради масовното иселување во развиените земји во ЕУ, а проблемот го решаваат така што на вработените драстично им ги зголемуваат платите.

Милиони млади луѓе, со пасоши во раце, отишле да работат во развиените земји на ЕУ. Источниот блок остана без лекари, градежни работници, инженери ... Поради масовното иселување бројот на невработени во нив паднал на само 3 до 4 отсто.

Проблемот го решаваат така што на вработените драстично им ги зголемуваат платите. Погодно им е и тоа што скоро сите земји на средна и југоисточна Европа имаат високи стапки на економски раст од четири до пет отсто годишно. Во Унгарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија платите напредуваат по стапки од осум до 15 отсто годишно, според податоци на нивните национални статистички служби, пишува Пословни дневник, каде што може да ја прочитате целата анализа.

Слично

Поврзани вести