Бугарија против растурањето на „пакетот“ Македонија - Албанија
Бугарски пратеници од собраниската комисија за надворешни работи на денешен форум истакнаа дека позицијата на Бугарија е против разделувањето на Македонија од Абанија во преговарачкиот процес за членство во Европската унија, пренесува 24 Часа.
Но од таму велат дека не можат да го сопрат ветото од Холандија и Франција, така што на повидок е да се растури овој „пакет“.
За пратеничката Џема Грозданова тоа е сепак разбирливо, бидејќи политичката клима и ситуација во двете земји е различна.
- Добро е тоа што наскоро во Европската комисија ќе се решава дали во иднина одлуките за надворешна политика ќе се носат со консензус, односно вето, или пак со двотретинско изгласување - рече Грозданова.
Од друга страна „пакетот“ Црна Гора - Србија треба да биде растурен, затоа што втората земја ќе ја забави интеграцијата на првата додека преговара со Косово.
