Бугарија пресметува штети од уште една катастрофална поплава
Бугарија се обидува да ги санира штетите од третата поголема поплава што ја зафати земјата годинава. Во водената стихија на бугарското црноморско приморје вчера три лица го загубија животот.
Бугарските власти наредија истрага за да се испита како тие го загубиле животот. Посебни комисии одново ќе прават проценка на штетата што го погоди регионот на Бургас.
Во овој регион денеска е прогласен и ден на жалост за жртвите. Поплавите погодија повеќе градови и села во југоисточниот дел од земјата, а многу туристи мораше да бидат евакуирани со хеликоптери од одморалиштата Китен, Приморско и Созопол, откако се излеаја притоките на реката Марица.
Најголемите поплави годинава Бугарија ги преживеа во мај, кога загинаа 12 лица и кои предизвикаа сериозни штети особено во туризмот. Најновиот бран дополнително ја влоши се уште несанираната состојба на терен.
Слично
