Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија преплавена од фалсификувани евра - Запленети 13 милиони

Бугарија преплавена од фалсификувани евра - Запленети 13 милиони

Бугарија уште еднаш покажува дека ги има најспретните фалсификатори на пари откако во полициска акција беа пронајдени 13 милиони евра. Интересно е што фалсификаторот ги скрил на дното на едно вештачко езеро кое мислел дека е одлично место за криење, но се и признал на полицијата за нелегалните активности. 

Ова е една од најголемите суми на фалсификувани евра која досега сме ја сретнале, не само во Бугарија, туку и пошироко, изјави главниот обвинител Сотир Цацаров.

Најголемиот дел од парите  биле во апоени од 500 евра, а од дното езерото ги извадиле нуркачи. Ова е трета голема полициска акција за заплена на фалсификувани евра во само една година во Бугарија.


Слично

Поврзани вести