Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија пред идна криза, 26% од учениците заминуваат од земјата

Бугарија пред идна криза, 26% од учениците заминуваат од земјата
Само за последната година 26.13% од бугарските ученици го напуштиле училиштето и отишле во странство со своите родители, покажува анализа на Министерството за образование во Бугарија за стапката на предвремено напуштање на училишниот систем, пишува воесникот „Труд“. Иако емиграцијата на учениците се намалува последните години - од 2008 до 2012 година кога беше во просек од 38.65 отсто, сеуште има вознемирувачки размери. Уште позагрижувачко е тоа што не е јасно што се случува со образованието на овие деца, откако ја напуштат Бугарија. „За жал, нема доволно добри механизми преку кои може да се следи овој процес во земјите во кои има заминуваат најголем дел од Бугарите", стои во документот на Министерството. Проблемот е и во тоа што овие ученици вообичаено се ставаат во графата "неписмени" кога стигнувааат во земјите од Европската унија, а Бугарија нема засега никава стратегија како да ги задржи учениците во земјата, пишува „Труд“.  
Слично

Поврзани вести