Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија понуди помош во мазут, а Македонија одби

Бугарија понуди помош во мазут, а Македонија одби

Бугарија понуди помош во мазут. Македонија одби, па и понуди на Бугарија возвратно: ако вам ви треба мазут, тука сме. Ден по прогласената кризна состојба поради недостиг на мазут во земјава, двете држави утрово комуницираа меѓу себе.

Иако Македонија ќе ги троши државните резерви на мазут за да произведе струја, Владата смета дека во моментов земјава не се наоѓа во ситуација, во која има потреба од ваков тип на помош.

Утрово разговарале министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна, пренесува Тв 24.

Владата вчера донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена. Оваа одлука се носи поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.

Слично

Поврзани вести