Бугарија подготвена да учествува во „Турски поток“!
Софија не гледа алтернатива за испорака на руски гас и ќе го покрене прашањето на ниво на ЕУ, изјавил Калфин во Москва.
Владата на Бугарија не гледа алтернатива за испорака на руски гас за Европа и е подготвена да ги испита условите за испорака на гас преку „Турски поток“. Тоа го изјавил вицепремиерот Ивајло Калфин, пренесува „Интерфакс“.
„Во моментов Европа се труди да ја ограничи испораката на руски гас. Но, во овој момент оваа испорака не е алтернатива. Ова е ставот на бугарската влада и има за цел ние да поработиме заедно и да обезбедиме најдобро решение за испорака на рускиот гас за Европа“, изјавил Калфин на средбата со претседателот на Комитетот за надворешни прашања на Руската Федерација Константин Косачьов.
Според неговите зборови, Софија има намера да ги испита условите под кои Русија ќе испорачува гас на Турција. Калфин истакна дека Бугарија е подготвена да го покрене прашањето на ниво на ЕУ со цел да биде разгледана можноста за „поделба на трошоците“, а исто така и за обновата на проектот „Набуко“.
Според зборовите на Калфин, Бугарија принципиелно е заинтересирана за задржувањето на статусот на примач на рускиот гас и неговото транзитирање до другите земји од ЕУ. Вицепремиерот изјавил дека Софија е подготвена да ги разгледа и алтернативните извори.
„Ние ги следиме изјавите на претседателот на Русија Владимир Путин и одлуките кои беа објавени и разбираме што се нагласува во руските приоритети. За нас е важен принципот и прашањето како рускиот гас да биде испорачан на европските земји во најдобри услови“, изјавил Калфин.
Тој исто така додал, дека тоа како ќе биде доставен рускиот гас во Европа, е решение единствено од руската страна.
