Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија откажала воздушен коридор на руски авион со товар за Сирија

Бугарија откажала воздушен коридор на руски авион со товар за Сирија

Бугарија одби да даде воздушен коридор на авион на Министерството за вонредни ситуации на Русија со хуманитарен товар за Сирија. Мотивот е дека не е испочитуван законскиот рок од пет дена за поднесување на пријавата која е поднесена на 14 октомври, а летот требало да биде на 16 октомври, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на изјава на портпаролот на бугарското МНР.

Од руското Министерство за вонредни ситуации коментираат дека сепак ова одбивање нема да влијае на хуманитарните испораки за Сирија. Од Заводот прецизираат дека авионот сепак стигнал за Латакија, но по алтернативен пат.

Русија вели дека авионот превезувал 20 тони помош, вклучувајќи месо, риба, конзервирана храна, шеќер, ќебиња и предмети од прва потреба.

Се очекува со авионот да се вратат во Русија над 80 граѓани на Русија, ЗНД и други земји.

Во почетокот на септември Бугарија одби да обезбеди дозвола за прелети во бугарскиот воздушен простор од воено-транспортни авиони, сопственост на Главниот штаб на воздухопловните сили на Руската Федерација, во периодот 1-24 септември. Причините биле загриженост за природата на товарот на авионот.

Слично

Поврзани вести