Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА ОБВИНУВА: Македонците ни го крадат грбот!

БУГАРИЈА ОБВИНУВА: Македонците ни го крадат грбот!
Новиот предлог-државен грб на Македонија е всушност симбол на Второто бугарско царство, тврди бугарски „Телеграф“ денеска во текстот со наслов „Македонија ни го краде грбот“. Ова е прва реакција на бугарските медиуми откако пред два дена македонските власти го објавија идејното решение за нов државен грб. Според „Телеграф“, црвениот лав на златна позадина со круна е чисто бугарско обележје. „Никој никаде во Македонија не споменува дека тоа е симбол на Второто бугарско царство од кој произлегува и денешниот грб на Бугарија“, стои во текстот. Хералдичарите во Македонија тврдат дека лавот е симбол кој обединува многу народи на овие простори и не може да се смета за бугарски. Предложениот симбол за македонски државен грб се разликува од бугарскиот по повеќе детали, сметаат тие.
Слично

Поврзани вести