Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија „ни зема“ уште една странска инвестиција

Бугарија „ни зема“ уште една странска инвестиција

Турскиот странски инвеститор Farba Lighting Group за производство на автомобилски светла правел истражувања во Македонија, но и во Србија и БиХ, но се одлучлил да изгради фабрика во Пловдив затоа што, како што вели првиот човек Ахмет Бајрактар, Бугарија е земја-членка на ЕУ, пренесува бугарски „Капитал“.

Групацијата во индустриската зона во Пловдив ќе вложи 37 милиони евра, а фабриката ќе проработи на карјот од 2020-та со вработени 400 луѓе.

Продажбите на капацитетот се очекува да изнесуваат 40 милиони евра годишно, а доколку се покаже дека проектот е успешен, турскиот инвеститор планира да ги удвои производствените капацитети и да изгради фабрика за електроника и парк на подизведувачи. 

Слично

Поврзани вести