Бугарија немала подобра туристичка сезона од 1990 година
Туристичката сезона во Бугарија летово е најдобра од 1990 година.
Ова го изјави министерот за туризам, Николина Ангелкова. Над 3,1 милиони гости повеќе пречекале хотелите во земјата, објасни таа. Растот за првата половина на годината е 15%.
Со 40% се зголемени гостите од Германија во првите 6 месеци од годинава во однос на претходната. Само во јуни растот е 65%, објасни Ангелкова.
Најголемо во процентуален израз е зголемувањето на туристите од Полска - 100% за првите 6 месеци и со 117% само во јуни.
„Успеавме да си ги вратиме руските туристи благодарение на напорите на премиерот и поддршката на целата влада“ - изјави Ангелкова.
Растот на посетители од Русија е од 20 до 30%, а зголемување за 15% има на британските туристи.
