БУГАРИЈА НЕМА ДА ПРЕГОВАРА ЗА ГАС ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНАТА: „Ако војната продолжи, невозможно е да се преговара за испорака на руски гас“
Бугарија нема да преговара за рускиот гас за време на
војната во Украина, тврдат властите во земјата.
„Буџетот ќе опстане доколку се намалат приходите од намалувањето на акцизите на горивото, како што предложи Бугарија на ЕУ, рече министерот за енергетика Александар Николов за ТВ Блумберг Бугарија.
„Постои директна врска меѓу „Газпром експорт“ и начинот на управување со Русија, што е огромна пречка во преговорите“, објасни Николов.
„Доколку војната продолжи, невозможно е да се преговара за испорака на руски гас, бидејќи на среден рок не можеме да сметаме на Русија како снабдувач со гас, а цените се зголемени“, рече бугарскиот министер, пренесе bnr.bg.
Слично
