Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија не сака војски на НАТО на нејзина територија

Бугарија не сака војски на НАТО на нејзина територија

Бугарија е против војски на НАТО на нејзина територија. 

Бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев се изјасни против распоредувањето на војници на НАТО во државата.  Според него, „нема неопходни околности што можат да ја оправдаат одлуката поврзана со распоредување дополнителни трупи на наша територија“.

„Таквата одлука не би одговарала на сојузничките интереси или националниот интерес на Република Бугарија“, напиша Јанев на Фејсбук. 

Тој по втор пат за два дена го коментираше пишувањето на германскиот магазин „Шпигел“, кое го цитираше командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс. Тој ја повика Алијансата да воспостави воено присуство во Бугарија и Романија како што веќе има во Полска и балтичките земји.

Слично

Поврзани вести