Бугарија не сака уцени и нема да плаќа за руски гас во рубљи
Соседна Бугарија не сака уцени и нема да плаќа за руски гас во рубљи.
Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасен.
Таа додека дека Бугарија нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата не е во руски рубљи, туку во друга валута, јави дописникот на МИА од Софија.
Претходно, Франција, Германија и Британија се понунија за истото. Балтичките земји се откажуваат од рускиот гас.
Откако Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина, Западот воведе санкиции против Русија, а сега се пдодготвува и нов сет.
foto freepik.com
Слично
