Бугарија на црквата и муфтиството ќе им дава по 10 лева за секој верник
Бугарскиот буџет по второто читање на Законот за вероисповест во бугарскиот парламент ќе доделува по 10 лева, односно приближно 5 евра, за националната православна црква и муфтиство за секој праволавен христијанин и муслиман во земјата.
Како официјални резултати ќе се земат оние од последниот попис, па според тоа ако во земјата има 5 милиони православни христијани БПЦ ќе добие 25 милиони евра во 2019-та.
Овие ставки важат само за регистрираните верски групи кои сочинуваат заедница од над 1 отсто од целокупното население, а тоа се само православните христијани и муслиманите. Другите помали верски заедници кои имаат регистрирано над 300 верници ќе добиваат суми предвидени со посебен тарифник.
Слично
