Бугарија му должи 400.000 $ на Њујорк за паркинг
Бугарија е меѓу десет земји кои сериозно им должат на локалните власти во Њујорк, бидејќи нејзиниот конзулат треба да помири речиси 400.000 долари казни за паркирање.
Бугарските медиуми, повикувајќи се на пишувањето на американските медиуми, пренесуваат дека странски дипломати од повеќе од 180 држави му должат на Њујорк вкупно 16 милиони долари за паркирање.
Најголем должник е Египет со 1,9 милиони долари, а потоа Нигерија со повеќе од 894.000 долари. Повеќе од половина милион долари должат Индонезија, Бразил, Мароко и Пакистан. Пред Бугарија, која должи 397.136 долари со вкупно 3.553 казни, се Сенегал, Судан и Ангола.
Станува збор за касни од пред 2002 година, иако њујрошките власти после тоа вовеле построга контрола, така да новите долгови се драстично намалени.
