Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА: Министерството за енергетика нареди прекин на работите на Јужен тек

БУГАРИЈА: Министерството за енергетика нареди прекин на работите на Јужен тек
Бугарското Министерство за економија и енергетика нареди веднаш да престанат сите активности во Бугарија за изградба на гасоводот Јужен тек, додека проектот во целост не се усогласи со барањата на Европската комисија. Во писмото упатено до Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), министерот за економија Васил Штонов забранува склучување на какви било договори поврзани со Јужен тек, а од БЕХ се бара да и ја даде целата потребна помош на Европската комисија за усогласување на проектот со правните прописи на Европската унија. Изградбата на важниот енергетски проект Јужен тек ја предводи руската компанија „Гаспром“, а со него Балканот требаше да стане траса за транспорт на гас од Русија до јужна и централна Европа. Според планот, 540 километри од овој гасовод требаше да поминуваат низ Бугарија. Сепак, како земја-членка на ЕУ Бугарија се најде под засилен притисок од Брисел да ги прекине работите на гасоводот затоа што тој не е во согласност со европските прописи. Во текот на јуни бугарската Влада ги замрзна активностите на изградба на гасоводот, но во јули сменетата министерка за развој Десислава Терзиева сепак одобри почеток на прелиминарните работи кај терминалот Паша Дере. Сегашната влада сепак избра да ги следи препораките од Брисел. Вкупната вредност на проектот Јужен тек се проценува на околу 16 милијарди евра, а со комерцијална работа требаше да започне кон крајот на 2015 година.
Слично

Поврзани вести