Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија меѓу лидерите во производството и трговијата со амфетамин

Бугарија меѓу лидерите во производството и трговијата со амфетамин

Бугарија е рангирана меѓу лидерите во Европа во производството и трговијата со амфетамин.

Оваа констатација се содржи во извештајот на Европскиот центар за следење на дрогата и наркотични зависности.

„Холандија и Белгија се најважните области за производство на амфетамини во Европа, но тие се произведуваат исто во Бугарија, Полска, Германија и балтичките земји"- се вели извештајот.

Во последните години во Бугарија се забележува и зголемување на бројот на лабораториите за производство на амфетамин, се наведува во извештајот.

Покрај негативните трендови, Бугарија има и успеси во борбата против производството на синтетички дроги. Само во 2013 година се откриени  35 лаборатории за нивно производство. Европејците трошат 24 милијарди евра годишно за дрога, покажува извештајот.

Од организацијата предупредуваат дека продажбата на дрога е поврзана со финансирањето на терористичките активности.

Слично

Поврзани вести