Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА: Кој со кого во новата влада?

БУГАРИЈА: Кој со кого во новата влада?
Дури осум политички партии ќе влезат во составот на новиот бугарски Парламент, по вчерашните вонредни парламентарни избори во земјата, покажаа првичните резултати. Сите тие го надминале потребниот праг со освоени 4% од гласовите. На пребројани нешто повеќе од 97% од гласовите, резултатите се следни: ГЕРБ - 32.66% БСП - 15.34% ДПС - 14.79% Реформаторски блок - 8.92% Патриотски фронт - 7.30% Бугарија без цензура - 5.69% Атака - 4.53% АБВ - 4.16% Разликата меѓу втората и третата партија - БСП и ДПС е незначителна, уште повеќе што во овие резултати не се вклучени гласовите од дијаспората. Токму ДПС, според првичните анализи, освои најмногу од гласовите во странство. Ваквата разлика ја отвора дилемата - кој во Бугарија ќе влезе во новата владејачка коалиција? Големата фрагментираност на парламентот, според аналитичарите, може да биде вовед во уште едно нестабилно мнозинство, кое набрзо би можеле да донесе нова изборна пресметка во Бугарија. Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пред изборите најави дека е можна коалиција со секого, освен со ДПС, „за да се спаси државата од кризата“.
Слично

Поврзани вести