Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија ќе „увезува“ сезонски работници

Бугарија ќе „увезува“ сезонски работници

По измените во Законот за вработување веќе има можност за „увоз“ на сезонски работници во секторите туризам и земјоделството од трети земји.

Бугарите очекуваат работна сила од Молдавија, Украина, Грузија.

„Пред август странци од трети земји надвор од ЕУ може да започнат со работа во хотелите покрај морето, за да се пополнат празните работни места. Од каде ќе доаѓаат странците, зависи од туристичката индустрија “ - изјави  пред новинарите министерот за туризам, Николина Ангелкова.

Наплив на сезонци се очекуваат од земјите каде што масовно се знае и руски јазик, како Молдавија, Украина, Грузија, Ерменија, исто така од Србија и Македонија. Грузиските и ерменските јадења ќе бидат атракција во рестораните. Странците ќе добиваат бонуси и предлози за  работа преку цела година во приморските и зимските центри, како и во бањите.

Слично

Поврзани вести