Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија ќе го испорача Французинот кој се поврзува со нападите на „Шарли Ебдо“

Бугарија ќе го испорача Французинот кој се поврзува со нападите на „Шарли Ебдо“
Францускиот државјанин Фриз Жоли Жоашен, кој најверојатно е поврзан со еден од браќата Куаши, извршители на минатонеделниот терористички напад на магазинот „Шарли Ебдо“ прифатил денес да биде испорачан во Франција. Судот во Бугарија одлучил денас да го испрати Жоашен (29) во неговата татковина со што тој и се согласил. Бугарската полиција го уапси Жоашен на први јануари на границата со Турција врз основа на европски налог за апсење. Налогот бил издаден од страна на француското обвинителство кое го терети Жаошен за киднапирање на тригодишниот син и намера да го одведе во Сирија. Паралелно со нападот на неделникот „Шарли Ебдо“ на осми јануари, против Жоашен била издаден втор европски налог за апсење, овој пат поради учество во организирана криминална група со терористички цели.  
Слично

Поврзани вести