Бугарија ја зголемува екотаксата за возила постари од 5 години
Во соседна Бугарија екотаксата за автомобили постари од 5 години ќе се зголеми.
Владата усвои нова уредба за определување на редот и големината за плаќање на оваа такса. Идејата е да се охрабруваат луѓето да користат еколошки возила. Со промените таксата за автомобили, кои се над 5-годишни, се зголемува за 3%. Така човек кој вози автомобил постар од 10 години, ќе плаќа 275 лева.
Годишно во Бугарија се увезуваат над 200.000 возила, од кои повеќето се стари над 5 години.
Според официјалните податоци во земјата има регистрирани 3, 9 милиони автомобили, а нивната просечна старост е 16 години.
Слично
