Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија ја „топи“ невработеноста – како им успева?

Бугарија ја „топи“ невработеноста – како им успева?

Над 18.000 Бугари успеале да се вработат во текот на месецот јули.

На работа во јули 2016 година се примени вкупно 18 462 невработени, од кои 16 425  се на примарниот пазар на трудот. Во субвенционирано вработување се вклучени 2 037 невработени.

Стапката на невработеноста продолжува да се намалува до 8,2% во јули, соопштија од Агенцијата за вработување. Во бироата за вработување се регистрирани 268 100 невработени.

Трендот, карактеристичен  за активната летна сезона, се задржува уште еден месец. Во споредба со јули 2015 година, стапката на невработеност е значително пониска или во бројки 41 681 луѓе помалку.

Во однос на крајот на декември 2015 година невработените се намалуваат со 60 821.

Најмногу слободни работни места за примарниот пазар има во преработувачка индустрија (3 640 места), во трговијата (2 088 места), во хотелите и рестораните (816 места), во градежништвото ( 799 места) и друго.

Слично

Поврзани вести